Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Џани Инфантино, порача дека проектот Суперлига е неприфатлив и клубовите кои учествуваат во креирањето на новото фудбалско натпреварување ќе сносат последици.

Нема ниту трошка сомнеж дека ФИФА го отфрла проектот Суперлига. Тие 12 клубови ќе мораат да сносат последици. Тие се дисиденти на постојните институции – изјави Инфантино во видео обраќањето на конгресот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Инфантино потенцира дека нема да има разбирање доколку некои од клубовите, кои стојат зад проектот, во меѓувреме го сменат ставот.

Или си внатре, или си надвор. Не може да бидеш половина внатре, а половина надвор – истакна Инфантино.

Тој, како и претседателот на УЕФА Александар Чеферин, се закани со исклучување од меѓународните натпреварувања на фудбалерите, кои евентуално би настапувале во најавената Суперлига.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.