Златната копачка во италијанската Серија А минатата сезонава Чиро Имобиле ќе го памети корона-периодот по неговото лудило. Напаѓачот на Лацио на своја кожа го почувствува целиот апсурд на планетарната напаст и опсесија.

Додека италијанската репрезентација синоќа славеше против БиХ на гости, победа вредна плејоф во Лига на нации, напаѓачот на Лацио се радуваше само како гледач. Тој беше два пати тестиран во две различни лаборатории. На првиот резултат е позитивен, на вториот негативен. Но, тоа и не ќе беше толку неверојатно да не се тука уште 10 тестирања – и тоа во 20 дена.

За 20 дена добил 7 негативни и 5 позитивни тестови. Последниот негативен тест дефинитивно му дава слобода да може да игра, па се очекува да се појави на тренинг пред саботниот натпревар на Лацио против Кротоне.

Имобиле не тренира со тимот од 3 ноември. Италијанските медиуми пишуваат дека тој постојано е асимптоматски случај и ова сигурно му е еден од најтешките психолошки предизвици во кариерата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.