По четири дена минати во болница познато е дека легендарниот српски фудбалер и стратег Синиша Михајловиќ боледува од акутна миелоидна леукемија.
Станува збор за малигна болест на крвта, односно на коскената срж, која создава неконтролиран број, најчесто на леукоцити и креирање на незрел облик на крвни единици во организмот, кои се таложат во коскената срж и го спречуваат нормалното производство на крвни единици.
Тоа е излечива болест која бара брза и агресивна реакција, со трансплантација на коскена срж и хемотерапија. Првите пет години се најкритични, но со висока стапка на преживување и најчесто зависи од самиот организам.
Михајловиќ во саботата пред медиумите ја откри својата болест, а веќе во понеделникот беше хоспитализиран. И покрај болеста тој ќе остане стратег на Болоња, а тоа го потврдија и од клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.