Ако на Капитенот му беше океј, ќе преќутев, но сега на мирна душа можам да кажам дека бордо каканицата е тотално неписмена, блесава и непотребна појава, реагира Богдан Илиевски за новиот дрес на македонската репрезентација.
Ако на Капитенот му беше океј, ќе преќутев бидејќи тој ќе го носи и тој ги предводеше јунаците кои не донесоа на Европско. Секако е поважно она што сите го носат под дресот – две срца и два пара мадиња.
Ама сега (по оваа објава на Гранде Пандев вечерва на инстаграм) на мирна душа можам да кажам дека бордо каканицата е тотално неписмена, блесава и непотребна појава. Просто, човек искрено да се чуди како е возможно да им текне таква работа на тие кои одлучуваат. Онака, ко да седеле и да мислеле што погрешно да направат, бидејќи уживаат во тоа.
Националните бои се светост. Исто како и името.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!, порача Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.