Екипата на Аталанта попладнево ја победи Фиорентина со 3-1 во уште еден возбудлив ­меч меѓу двата тима, само три дена откако одиграа 3-3 во првиот меч од полуфиналето на Копа Италија. Емоциите беа на високо ниво по прекинот во чест на починатиот капитен на Виола, Давиде Астори, кому ова коло му беше одадена почит на сите стадинои каде се играа натпревари во Серија А.

Грешката на де Рон во шестата минута беше казнета од Луис Муриел, кој ја донесе Фиорентина во водство за шок на „Атлети аѕури ’Италија“. Во 13. минута, мечот беше прекинат во чест на Астори, чија едногодишнина од трагичната смрт се одбележува утре. Неговиот некогашн соиграч во виолетовиот дрес кој сега настапува за Аталанта, Јосип Иличиќ, не можеше да ги сокрие емоциите и заплака на теренот додека целиот стадион аплаудираше во чест на Астори.

Само неколку минути подоцна, Иличиќ постигна гол за изедначување, а водство на домаќините уште во првиот дел им донесе Гомез. Во вториот дел победата на домаќините ја завери Госенс за конечни 3-1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.