Италијанските медиуми денеска пишуваат дека поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди размислил и се решил да остане во клубот и следната сезона. Аргентинецот беше на излезна врата од „Меаца“, но во Италија денес се пишува дека најверојатно ќе остане во тимот.

Новиот тренер Антонио Конте веќе објави дека нема да смета на него, па токму затоа и Ромелу Лукаку беше ангажиран како прв напаѓач. Белгиецот го доби бројот 9, кој досега го носеше Икарди.

Напаѓачот на „нероазурите“ беше поврзуван со Јувентус, но двата клуба не се договорија.

Икарди наводно го побарал бројот 7, а изненадувачки раководството на тимот му дозволија да го земе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.