Тоа што се најавуваше со недели наназад, вечерва конечно беше официјализирано – Гонзало Игуаин по половина сезона заминува од Милан во Челси. „Росонерите“ пак како негова замена го ангажираа младиот полски напаѓач Кшиштоф Пјатек од Џенова.
Игуаин утрово ги поминал медицинските тестови, пред вечерва повторно да дојде под тренерската палка на поранешниот тренер Маурицио Сари и да го добие дресот со број 9 кај „сините“.
Кога дојде шансата да се биде во Челси, морав да ја искористам. Тоа е тим кој секогаш сум го сакал со многу историја, прекрасен стадион и настапуваат во Премиер лигата, каде што секогаш сакав да играм. Сега се надевам дека ќе вратам за довербата која клубот ја имаше во мене, изјавил Игуаин за официјалниот сајт на Челси.
Челси ќе може да го откупи договорт на Игуаин на лето за 36 милиони евра.
Во Милан веднаш најдоа замена за Пипита – Кшиштоф Пјатек кој доаѓа на „Сан Сиро“ во договор вреден 35 милиони евра плус бонуси откако во пола сезона постигна 19 гола во 21 меч за Џенова. 23-годишниот Пјатек беше купен од Краковија за само 4.5 милиони евра во јули, а сега има договор со Милан до 30 јуни 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.