Напаѓачот на Јувентус кој е на позајмица во Милан, Гонзало Игуаин е решен зимава да се пресели во Челси. 31-годишниот Аргентинец поднел официјално барање за трансфер во лондонскиот клуб, информира „Sky Sport Italia“.

Пред почетокот на сезоната, Јувентус го даде напаѓачот на позајмица во Милан за 18 милиони евра, со право на откуп во износ од 36 милиони евра на крајот на сезонава, но тој таму не игра во најдобра форма.

според повеќе англиски медиуми, раководството на Челси веќе преговара за трансфер на Игуаин кој веќе одамна е желба на менаџерот Маурицио Сари. Ситуацијата дополнително ја комплицира фактот што „росоњерите” не сакаат да го пуштат играчот пред да ангажираат негова замена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.