На клубовите од англиската Премиер лига ќе им биде понудено најмалку двапати неделно да ги тестираат фудбалерите и персоналот за евентуално присуство на коронавирус, пренесува „Скај спортс“.
Според изворот, оваа мерка може да се примени доколку владата на Велика Британија дозволи враќање на тренинзи. Се известува дека релевантните предлози ги подготвил Марк Џилет, медицински советник на премиерот, по консултациите со надлежните од шпанската Ла Лига и германската Бундес лига.
Тестовите ќе ги плаќа Премиер лигата. Овој предлог ќе биде разгледан во текот на денешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.