Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ би требало во следните денови да го продолжи договорот со екипата на Милан за една сезона, односно до јуни 2022 година.

Според пишувањето на италијанските медиумите, договорот е веќе подготвен, а Ибрахимовиќ ќе заработува годишно 6.5 милиони евра, плус бонус од 500.000 евра доколку италијанскиот прволигаш Милан на крајот од оваа сезона избори настап во Лигата на шампиони.

Ибрахимовиќ на 16 натпревари сезонава во Серија А постигна 15 голови, а неговиот клуб во моментов е второпласиран на табелата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.