Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, најверојатно ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради повредата на левото колено.

Триесет и деветгодишниот Швеѓанец се повреди на натпреварот од 35. коло од последната сезона на италијанското првенство против Јувентус (3:0).

Како што информира „Ла Газета дело Спорт“, клубот не сака да ризикува и ќе му даде повеќе време на играчот да закрепне. Најверојатно, тој ќе се врати на терените во септември, по паузата за репрезентативните настапи.

Во првото коло од сезоната 2021/22 во Серија А, Милан ќе се соочи со Сампдорија. Ибрахимовиќ минатата сезона одигра 27 натпревари за Милан, постигнувајќи 17 гола и три асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.