„Папата го виде Бог“, гласи еден од илјадниците коментари на фотографијата која напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, ја објави на личниот Инстаграм профил со која ја илустрираше својата посета на Ватикан и приемот кај поглаварот на Римокатоличката црква Франциск.

Шведскиот фудбалер со босанско потекло на папата Франциск му подари потпишан дрес на Милан како и авторска книга „Адреналин“, порачувајќи му дека „тука е дел од неговата животна приказна“.

Римокатоличкиот поглавар му вети на Ибрахимовиќ дека со задоволство ќе го прочита неговот о дело, а од своја страна, му ја подари книгата „Спортот според папата Франциск“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.