Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ очекува да се опорави за натпреварот од 31. коло од шампионатот на Италија со Јувентус, кој е закажан за 7 јули, пренесува „Тутоспор“.

Претходно беше објавено дека Швеѓанецот ќе пропушти околу еден месец поради повреден мускул десната потколеница.

Во сезоната 2019/20, Ибрахимовиќ настапи на 10 натпревари за Милан, постигна четири гола и оствари една асистенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.