Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го постигна јубилејниот 400. првенствен гол во својата кариерата и придонесе во синоќешната победа на Милан на гостувањето во Рим кај Рома со 2-1.

Ибрахимовиќ (40) го отвори резултатот со гол од слободен удар во 26 минути, а во 50 минута на шведскиот ветеран му беше поништен гол поради офсајд.

Милан со триумфот го задржа чекорот со водечкиот Наполи со идентични 31 бодови, а во следното коло „црвено – црните“ ги очекува градското дерби против актуелниот италијански шампион Интер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.