Иако одиграа добар натпревар, избраниците на селектрот Игор Ангеловски загубија од Романија со 3:2.

Македонската репрезентација успеа да се врати од 0:2 до 2:2, но сепак во финишот од натпреварот со голот на Хаџи Романија дојде до победата.

И покрај овој пораз Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги награди фудбалерите со премија од 40.000 евра. Премијата доаѓа за добрата игра и како мотив пред наредните два натпревари против Лихтенштајн во Скопје и Германија на гости.

Со Лихтенштајн играме в недела, а три дена подоцна со Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.