И вториот тест на Ковид-19 на Енис Барди е позитивен. Тој денеска одново се тестираше, но и тој се покажа како позитивен.
Барди и натаму се наоѓа во карантин во хотелот “Хилтон“, нема контакти со останатите членови на нашата репрезентација.
Сега е трка со времето. Имено, репрезентацијата и стручниот штаб, во вторник со чартер лета за Букурешт, каде на 13 јуни против Австрија ќе го одигра својот прв историски натпревар на Евро 2020. Повеќе од јасно е дека без негативен тест Барди нема шанси да биде заедно со останатите своите репрезентативни колеги.
извор: Спортмедиа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.