Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ќе преговара за нов договор со клубот на крајот на сезоната 2020/21.

Според „The Sun“, Норвежанецот може да потпише нов двегодишен договор со „црвените ѓаволи“. Се известува дека неговата плата може да се искачи на шест милиони фунти годишно.

Манчестер јунајтед е втор во поредокот во Премиер лигата со 45 бода по 23 одиграни натпревари.

Тековниот договор на Солскјер важи до крајот на јуни 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.