Претседателот Стево Пендаровски му подари на Папата Франциск дрес од македонската фудбалска репрезентација, со што лидерот на Римо-католичката црква ќе има можност да навива за Македонија на претстојното Европско првенство.

Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство – порача Пендаровски, по предавањето на дресот.

Папата Франциск, кој е Аргентинец роден во Буенос Аирес со световно име Хорхе Марио Берголјо, е голем фудбалски фан и е деклариран навивач на аргентинскиот клуб Сан Лоренцо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.