Фудбалскиот клуб Работнички изразува јавна благодарност до ФК Ренова за помошта пред вчерашниот натпревар од 4.коло во Првата македонска лига.
Изразуваме благодарност до ФК Ренова за одличниот прием во текот на натпреварот, но тоа што сакаме да го потенцираме е пријателскиот гест на клубот од Тетово пред почетокот на мечот. Ренова покажа големина и спортско џентлеменство во моментите кога тоа му беше потребно на Работнички.
ФК Ренова испрати автобус како пријателска реакција на проблемите кои настанаа при нашето патување кон Тетово. Со тоа помогна да нема преголемо доцнење на стартот на натпреварот, а фудбалерите и стручниот штаб на Работнички безбедно стигнаа на ова гостување.
Ова е вистински пример на меѓусебно клупско почитување и израз на спортски фер-плеј и надвор од теренот – се наведува во соопштението на Работнички.
Натпреварот заврши нерешено 1:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.