Има и такви кои не се плашат од величината на Златан Ибрахимовиќ. Еден од нив е Жозе Мурињо кој му беше тренер на Швеѓанецот и во Интер и во Манчестер Јунајтед. Искусниот напаѓач раскажа за една случка додека биле заедно во Интер, а Мурињо жестоко го понижил пред цела екипа.

Требаше да добијам награда за најдобар играч во Италија, а тој пред одење ми рече: Кога ќе излезеш на таа бина, треба да се срамиш. По начинот на кој играш сега не го заслужуваш тоа, откри Ибрахимовиќ.

Но, Швеѓанецот не му се налутил на тоа, напротив, во текот на целата своја кариера е полн со пофалби за Мурињо и шест години подоцна одлучи да дојде во Јунајтед за повторно да работи со него. Инаку, двоецот беше заедно во Интер само седна сезона – 2008/09.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.