Јувентус и Наполи не се единствените во трката за Мауро Икарди од Интер, а нив им се приклучи нов ривал од Ла Лигата, Атлетико Мадрид. Тимот на Симеоне сака да го донесе напаѓачот ова лето и подготвен е за неговите услуги да понуди 60 милиони евра.

Според италијанските медиуми, Икарди наводно сака да игра во Неапол, но неговата сопруга Ванда Нара која воедно е и негов менаџер, го гледа нејзиниот сопруг во дресот на Јувентус.

Во Интер веќе објавија дека Икарди не е во планот на Антонио Конте и се очекува овој фудбалер наскоро да го напушти тимот од  Џузепе Меаца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.