Баерн Минхен со позитивен резултат (0-0) го заврши гостувањето кај Ливерпул во првиот натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите. Актуелниот германски шампион успеа да издржи на жешкиот терен на „Енфилд“, па сега во реваншот со било каква победа може да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри.

Сепак во таборот на „баварците“ се доволно искусни и добро знаат дека ги очекува уште една голема битка во која шансите ќе бидат 50:50.

Се уште е 50-50. Ако не победиме на домашен терен, нема да добиеме уште една шанса. Ние сме задоволни, ама не победивме со 2-0 па дефинитивно мораме да славиме на реваншот. Ова е секогаш возможно за тим како Баерн. Резултатот е задоволителен, но ништо повеќе, истакма Матс Хумелс кој воедно вели дека Баерн во реваншот ќе заигра далеку подобро и поагресивно.

Ќе делуваме поагресивно, но во исто време ќе мораме да ја запреме концентрираната офанзивна моќ на Ливерпул. Имаме подобра стартна позиција отколку што повеќето луѓе мислеа, додаде дефанзивецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.