Хрватскиот фудбалски клуб Локомотива од Загреб одлучи на духовит начин да апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не фрлаат петарди и друга пиротехника за време на прославата на Новата година.
За такво нешто од загребскиот клуб потсетија на поразот од Малме во квалификациите за Лигата на Европа кој го доживеаја оваа есен, кога Швеѓаните победија постигнувајќи пет гола (петарда) во мрежата на Локомотива.
Ве повикуваме да се воздржите од фрлање петарди. Доволно беше стрес. Доживеавме „петарда“ во септември во шведскиот Малме и верувајте дека не е пријатно – напишаа од Локомотива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.