Екипата на англискиот премиерлигаш ВБА ја прекина соработката со тренерот Славен Билиќ и покрај тоа што тимот одигра реми против големиот фаворит за титулата, Манчестер сити.

Со отказот за Билиќ, завршува 18-месечниот престој на хрватскиот стручњак во клубот од вест Бромвич, во близина на Бирмингем.

Вест Бромвич Албион ја прекина соработката со Славен Билиќ, со помошниците Дејан Рачуница и Данило Бутуровиќ како и Јулијан Дикс. ВБА сака да им се заблагодари на Славен и на неговиот тим за вложениот напор и изборениот пласман во Премиер лигата минатата сезона. Им посакуваме се најдобро во иднина – стои во соопштението на ВБА.

Како можни наследници на Билиќ се споменуваат четири имиња, Сем Алардајс, Најџел Пирсон, Марк Хјуз и Еди Хау.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.