Фудбалерите на Ајакс и Баерн Минхен синоќа одиграа натпревар супер ефикасен натпреваар кој на „Амстердам Арена“ по низа пресврти и два црвени картони, заврши нерешено, 3-3.

Сепак, најголемо внимание привлече бруталниот старт на Томас Милер врз левиот бек на Ајакс, Николас Таљафико кој што за среќа, иако доби страшен удар во главата, помина без посериозни повреди.

Во обид да стигне до една нафрлена топка, Томас Милер веројатно не го забележа Таљафико, па со подигната нога удри директно во неговата глава и веднаш доби директен црвен картон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.