Државното правобранителство на Холандија поднело обвинение против Квинси Промес, кој е осомничен дека на семејна веселба пред нешто повеќе од една година го избодел со нож коленото на својот братучед.
Фудбалерот на Спартак Москва и холандски репрезентативец се соочува со казна затвор до три години доколку се докаже вината, која тој ја отфрлил.
Според обвинението, Промес го нападнал својот братучед под дејство на алкохол, бидејќи наводно украл пари и накит од трет член од нивното семејство. Еден роднина го пријавил дури неколку месеци подоцна, поради што Промес поминал неколку дена во притвор.
По излегувањето од затвор, Промес порачал дека невиноста ќе ја докаже на суд, но се уште не се знае кога ќе биде закажано првото рочиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.