Селекторот на данската репрезентација Каспер Хјулманд по натпреварот против Финска излезе во јавноста со солзи во очите и објасни што се случувало во тешките моменти додека чекале информации за Кристијан Ериксен.
„Ова беше многу тешка вечер, сите нас не потсети на она што е најважно во животот. Тоа се семејството и пријателите. Имаме група фудбалери кои не можам доволно да ги пофалам, ниту да бидам погорд на нив. Имаме луѓе кои се грижат едни за други. Ериксен е мој драг пријател и фудбалерите во соблекувалната се договорија да не правиме ништо додека не слушнеме дека Кристијан е свесен и дека е во ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.