Германскиот гигант Баерн Минхен отсекогаш бил познат како тим кој многу внимателно работи нa трансфер пазарот и секогаш ги ангажира најдобрите фудбалери од германското првенство.

Сепак овогодинешниот неуспех во Лигата на Шампионите и фактот дека просечната возраст на играчите е доста висока, овој пат ќе ги натера „баварците“ да посегнат подлабоко во клупската каса. Ова го откри претседателот Ули Хенес, кој најави дека во следните месеци Баерн ќе троши како никогаш досега.

Се наоѓаме во момент во кој мора да гоподмладиме нашиот тим. Тоа е најголемата инвестициска програма која Баерн ја имал некогаш, објави Хенес на настан на берзата во Минхен.

Изјавата на Хенес доаѓа во денот во кој француската телевизија „Беин Спртс“ објави дека Баерн понудил 50 милиони евра за ѕвездата на Лил – Николас Пепе.

Досега единствено обезбедено засилување за Баерн е дефанзивецот Бенџамин Павар од Штутгарт, кој доаѓа на лето за 35 милиони евра.

Германските медиуми јавуваат дека Баерн следните месеци ќе тргне по неколу млади и талентирани фудбалери, а меѓу нив се споменуваат имињата на Калум Хадсон-Одој од Челси и Лука Ернандез од Атлетико Мадрид.

Сосема е можно во следните месеци Баерн да потроши над 200 милиони евра за нови фудбалери, што всушност е значително зголемување во однос на досегашните трансфер трошоци на клубот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.