Ливерпул вечерва направи фантастичан пресврт против Барселона на реваншот на „Енфилд“ и со 4-0 стигнаа до финалето во ЛШ. Капитенот на домаќините, Џордан Хендерсон по мечот изјави дека иако резултатот од првиот меч (3-0) не им даваше многу надеж, тие верувале дека можат да ја надокнадат негативата.
Знаевме дека ситуацијата е комплицирана, но верувавме дека можеме да направиме чудо. Знаевме дека можеме да направиме нешто специјално на Енфилд. Погледнете ги фановите, насмевки, солзи радосници, еуфорија. Тоа сакам да го гледам постојано на трибините, истакнал Хендерсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.