Екипата на веќе уште пред неколку кола ја знае својата судбина, дека следната сезона ќе игра ранг подолу, но денес против Вулверхемптон запиша историски момент. Малиот лондонски тим во игра го внесе најмладиот играч во историјата на Премиер Лигата.

Фулам го загуби мечот со 1-0, а Харви Елиот кој има само 16 години и 30 дена влезе во игра во 88. минута и запиша историја. Со овој потег Фулам го урна и сопствениот рекорд за настап на млад играч во првиот тим. Досегашниот рекорд го држеше Метју Бригс, кој во 2007 година дебитираше со 16 години и 65 дена.

Ова беше второ учество на Елиот, кој во септември со 15 години настапи за лондончани на мечот од Лига Купот против Милвол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.