До физичка пресметка дојде на подготвителниот натпревар што се одигра денеска во Ротердам, а се сретнаа Феенорд и Атлетико Мадрид.

Инцидентот го направија Караско и Маласи, а во одбрана на својот соиграч дојде и Кокчу. Играчите се фатија за гуша, имаше и крв, па мораше на теренот да влета тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Тој му грмна на Јаник Караско, дури и му се закани по што овој се смири, но не можеше да ја продолжи играта затоа што доби црвен картон.

Извор: Спортклуб.мк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.