Британските медиуми денеска јавуваат за инцидент во тренинг центарот на премиерлигашот Фулам во кој главна улога имал Французинот Абубакар Камара (23) кој бил уапсен заради физички напад. Тамошната полиција излезе со соопштение во кое се вели:
Еден човек на 20-тина години е уапсен поради сомнеж дека нанел телесна повреда и направил материјана штета. Тој е приведен во станица, се вели во соопштението.
Сепак, на медиумите од Островот им требало кратко време да откријат за кого станува збор. Камара најпрво направи проблеми на теренот, a потоа и во тренинг центарот, а наводно на двете места се судрил со српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Митровиќ кому најпрво му кажувал дека не е тој што треба да шутира пенал, а потоа наводно го учел на пристојност на часовите по јога на кои присуствувале сите играчи од тимот.
Менаџерот на Фулам го отстранил Французинот од екипата по инцидентите и му е забрането да се приближува до тренинг центарот на тимот, а се очекува Камара да биде продаден во Турција во тимот на Малатијаспор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.