На фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Волино и Црнобуки одигран во Општина Дебрца во рамки на Третата македонска фудбалска лига се случил инцидент со навивачите на домашниот тим.
Полицијата реагирала пред да заврши натпреварот и уапсила неколку навивачи на Волино, односно жители на ова село. При обидот приведените да бидат спроведени во полициската станица во Охрид, жители на селото Волино поставиле барикади при излезот, по што полициското возило не можело да го напушти селото, јавува Охридскај.
Реагирал Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, кој за да ги смири страстите и да ги увери жителите на Волино дека нема ништо да им се случи на приведените, влегол во полициското возило и заедно со нив бил спроведен во станица.
Жителите на Волино веднаш со блокадите се префрлиле пред полициската станица во Охрид. Од безбедносни причини сите патишта кон полициската станица моментално се блокирани. Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на решавање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.