Пеп Гвардиола нема да биде „несреќен“ доколку Хари Кејн не дојде во Манчестер Сити, преговорите сè уште траат, но засега нема позитивен епилог за „граѓаните“.

Тренерот на Сити, смета дека нема да биде голема трагедија доколку Кејн не стане играч на клубот од Манчестер ова лето.

-На десетина дена пред крајот на преодниот рок нема да бидам несреќен доколку не го потпишеме Кејн. Имаме тим без многу промени, и тоа е добро, го сакавме и Левандовски, но тој е многу важен играч за Баерн Минхен и мислам дека нема да ја промени клупската средина, изјави Гвардиола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.