Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги сумираше впечатоците од натпреварот во Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен. Англискиот тим загуби со 2:0.
– Добар настап. Направивме сè, но не постигнавме гол. ПСЖ се бранеше длабоко и опасно контрираше. Огромни пофалби за тимот. Голманот Донарума имаше добри одбрани во второто полувреме. Ние бевме добри како и против Челзи. Штета. Игравме за да победиме. За жал, на ПСЖ не му требаше многу за да постигне гол. Погодокот на Меси беше фантастичен. Ни преостанува по добра вечера и чаша вино, да се подготвиме за натпреварот со Ливерпул, изјави Гвардиола.
По две кола во А-групата, ПСЖ и Клуб Бриж имаат по четири бода, Манчестер сити е трет со три, Лајпциг е последен без освоен бод
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.