Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференција пред натпреварот во Лигата на шампионите притов Хофенхајм, изјави дека расизмот е насекаде. Неговата изјава уследи по расистичките навреди упатени кон крилниот напаѓач, Рахим Стирлинг.
Расизмот не е само во фудбалот, туку насекаде. Треба да се бориме со сите средства, за да направиме една подобра иднина за луѓето по нас. Не е така само во Англија, туку на секое едно друго место, истакна Гвардиола на пресот пред мечот со Хофенхајм.
Кон Стерлинг имаше напади од страна на навивачите на Челси. Токму шефовите на „сините“ дадоа сериозна помош на полицијата, за да може да се откријат сторителите на делото, а на крајот четворица „фанови“ ги изгубија сезонските карти за посета на натпреварите на лондонскиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.