Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, потврди дека Барселона преговара за трансфер на фудбалерот на „граѓаните“, Феран Торес.

Нема да купуваме напаѓач во јануари. Феран Торес и Барселона? Сè уште нема официјални информации. Знам дека преговорите се во тек и страните се блиску до договор, тоа е сè. Кога клубот ќе објави официјално, тогаш сè ќе биде објавено – изјави Гвардиола, за „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News).

Претходно беше објавено дека Барселона за Торес ќе плати 55 милиони евра.

Дваесет и едногодишниот Шпанец настапува за Манчестер сити од август 2020 година, а во сезоната 2021/22 постигна три гола и една асистенција на седум настапи за тимот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.