Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола истакна синоќа на прес -конференција по реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) против ПСЖ дека е горд што заедно со играчите испишале нова страница во клупската историја.

-Ова е прво финале во ЛШ за нашиот клуб и многу сум горд поради тоа. Сакам да ги пофалам и фудбалерите, кои вечерва не играа. Сите тие заслужија да бидат во екипата и сите дадоа свој придонес, изјави Гвардиола.

-Сега е време да славиме. Потоа мораме да ја потврдиме титулата во Премиер лигата и тогаш ќе имаме две или три недели да се подготвиме за финалето во ЛШ, додаде стратегот на Сити.

Англискиот премиерлигаш обезбеди премиерно финале во елитното клупско натпреварување откако синоќа го совлада ПСЖ со 2:0 на домашен терен и го елиминираше францускиот клуб со вкупен резултат од 4:1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.