Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека нема намера да работи како тренер до 71 годишна возраст. Шпанецот зборуваше во таа насока поради тренерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон кој има тoлку години.
Не се гледам себеси како тренер на 71 година, верувајте ми, нема шанси. Ќе се пензионирам, сигурен сум, но сакам да уживам уште неколку години. Би сакал да го направам тоа, но мислам дека бара посебна енергија. На 71-годишна возраст мислам дека нема да имам таква енергија. Ќе дојдат нови генерации и идеи. Ќе го гледам фудбалот до последниот ден од мојот живот, бидејќи ми се допаѓа, изјавил Пеп Гвардиола за „Скај Спорт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.