Менаџерот на премиерлигашот Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека „граѓаните“ би можеле да го соборат клупскиот рекорд и да потрошат повеќе од 100 милиони фунти за да донесат едно засилување.
Најскапиот трансфер на клубот во историјата е тој на Белгиецот Кевин Де Брујне, кој во август 2015 година дојде од Волфсбург за 75 милиони евра.
Досега клупската политика е да не се троши 100 милиони фунти или повеќе од таа сума на еден фудбалер. Можеби тоа ќе се случи во иднина кога клубот ќе одлучи дека е неопходно да ја засили екипата за следните пет или 10 години. Трошењето многу пари за еден фудбалер не носи предност. Фудбалот е тимска игра, сите даваат свој придонес – додаде Гвардиола.
Откако беше објавено дека Серхио Агуеро заминува од Манчестер сити на крајот од сезоната, англиските медиуми наведуваат дека Гвардиола би можел да се обиде да го ангажира норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд за кого Борусија Дортмунд бара 180 милиони евра.
Не знам. Тоа е прашање за Борусија Дортмунд и неговиот агент. Разбирам дека луѓето ме прашуваат за Халанд, тој е исклучителен напаѓач, но непристојно е јас да зборувам за него – рече Гвардиола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.