Пеп Гвардиола и Лионел Меси разговарале телефонски минатата недела за можноста напаѓачот на Барселона да премине во Манчестер Сити ова лето, потврдуваат извори за ЕСПН.

Меси во вторникот ја шокираше Барса кога ја извести екипата за неговата намера да замине ова лето, и покрај тоа што има договор до 2021 година. Барса одговори со тоа што го замоли да остане во клубот во кој првпат се придружи како тинејџер пред скоро 20 години.

Сити ваквата операцијата ја сметаше за невозможна во претходните трансфер-пазари, но неколку извори потврдуваат дека тие станале пооптимистички по разговорот на Гвардиола со Меси минатата недела.

Двајцата поминаа четири години заедно во Барса помеѓу 2008 и 2012 година, а тренерот на Манчестер Сити разговарал со аргентинскиот интернационалец за проект што го чека во Англија, доколку реши да го направи овој потег.

Телефонскиот разговор се случи неколку дена откако Барселона претрпе уште еден понижувачко исфрлање од Лигата на шампиони кога загубија со 8-2 од Баерн Минхен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.