Манчестер сити на првиот ден од преодниот рок, кој во Англија започна во четврток, ќе испрати официјална понуда за Родри на Атлетико Мадрид, пишува шпански весник „АС“. Играчот од средниот ред има откупна клаузула од 70 милиони евра, а Сити веќе му испратил предлог договор и очекува да го ангажира шпански фудбалер.
За 22 годишниот Родри се заинтересирани повеќе клубови, но тој сака да игра за англискиот клуб бидејќи повеќе му одговара филозофијата на игра на Сити.
„АС“ тврди дека Гвардиола лично разговарал со Родри и дека го наговорил да дојде во Манчестер, додека фудбалерот му порачал на Атлетико дека одлуката ќе ја донесе во најкраток можен рок за неговиот досегашен клуб да има доволно време за да му најде замена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.