Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги критикуваше ФИФА и УЕФА за густиот натпреварувачки календар.
– Тие убиваат фудбалери, ова е премногу. Од почетокот на сезоната немаме една недела одмор. Играчите се луѓе, а не машини. Сакам моите играчи да бидат здрави. Некои луѓе сакаат да играат секој ден, но невозможно е да се освојат сите натпреварувања, изјави Гвардиола, за Би-би-си.
На 30 натпревари во англиската Премиер лига, Манчестер сити е лидер со 74 освоени бодови.
Утре, 6 април, „Граѓаните“ играат со Борусија во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Почетокот е во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.