Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донираше 1 милион евра за борба против ширењето на коронавирусот во Шпанија.

Пеп Гвардиола во моментов е во Барселона и веќе неколку дена работи со неговите адвокати за да ја реализира оваа донација и да ја најде најдобрата намена на парите што сака да ги донира, јави Би-Би-Си. Донацијата е наменета за Медицинскиот факултет во Барселона и Фондацијата Анхел Солер Даниел.

Шпанија е една од најпогодените земји, според бројките објавени во вторникот, по број на заразени е четврта во светот и втора во Европа. Скоро 40.000 луѓе се заразени во Шпанија, 4.540 само во вторникот.
Починаа вкупно 2.800 луѓе, од кои 489 денеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.