Eден од клучните фудбалери на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, нема да биде во можност да настапи во првиот меч на тимот во новата сезона од Премиерлигата, поради позитивен корона тест.
Манчестер Сити го прескокна првото воведно коло во Премиерлигата, па вечерва стартува во новата сезона со гостинскиот дуел кај Вулверхемптон во второто коло.
Гундоган стана третиот фудбалер заразен со Ковид-19 во таборот на англискиот вицепрвак, откако „граѓаните“ претходно објавија дека позитивни беа Ријад Марез и Ејмерик Лапорт месецов.
Сепак, тренерот Хозеп Гвардиола објави дека Марез ќе биде во комбинација за настап откако му помина 10-дневниот период на изолација, за разлика од Лапорт кој ќе отсуствува бидејќи во доцна фаза се приклучил на тренинзите.
Манчестер Сити може да потврди дека Илкај Гандоган беше позитивен на тестирањето за Ковид-19. тој ќе биде во изолација во период од десет денови, што воедно е дел од протоколот утврден од властите и од Премиерлигата, сите му посакуваме брза рехабилитација – стои во соопштението на Манчестер Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.