Честитки за победата на македонските фудбалери против Германија на гостински терен.
Импонира победа во гости против повеќекратен светски и европски првак во фудбал, кој во светски рамки е познат по крајно посветена и квалитетна игра до последната секунда од секој натпревар.
Но повеќе од резултатот импресионира подобрата игра во тој дуел на македонските репрезентативци. Таа игра е гаранција дека ќе има и многу други успеси на овој тим.
Честитки за фудбалерите, стрелците, селекторот и неговата стратегија и целиот стручниот тим.
Честитки и за сите кои учествувале во изградбата на овие фудбалери од нивните најрани клубови и тренери па натаму и сите од фудбалската академија имајќи во обзир дека костурот на тимот се дел од првата генерација на фудбалската академија. Сите тие имаат причина да бидат горди со овие успеси. Но и сите граѓани на Македонија и дијаспората.
Ова е честитката од поранешниот премиер Никола Груевски до македонските дудбалери кои вечерва ја совладаа Германија на гостински терен.
Честитки за победата на македонските фудбалери против Германија на гостински терен.
Импонира победа во гости против…
Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, 31 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.