Францускиот фудбалски репрезентативец и член на Барселона, Антоан Гризман ја поддржа идејата за прекинување на натпреварите заради хомофобија или расизмот.

Во првенството на Франција на стартот на сезоната веќе имаше неколку прекини заради овие причини.

Мислам дека е правилна одлука да се прекинат натпреварите заради хомофобични или расистички извици од трибините. Ако ги прекинеме натпреварите, луѓето нема да бидат среќни и ќе престанат да го прават тоа, изјави Гризман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.