Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман размислува да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига, пренесува „Sport.es“.
Според шпанскиот медиум, 30-годишниот Французин е отворен за пристап во еден од англиските клубови.
Според објавата, најголем интерес за францускиот фудбалер покажуваат Челзи и Манчестер јунајтед.
Во сезоната 2020/21, Гризман забележа 51 настап за Барселона, со 20 погодоци и 13 асистенции.
На 6 јули беше објавено дека Барселона можеби ќе мора да го продаде напаѓачот поради финансиски проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.