Македонската А репрезентација се пласираше на Европското првенство после победата во Тбилиси пред три дена на 12 ноември 2020 година против Грузија (0:1). Селекторот Игор Ангеловски е тој што ги води и мотивира момците, а ФФМ денеска го споделува неговиот говор токму пред одигрувањето финалниот дуел од УЕФА Лигата на нации:

– Дечки, сето она што направивте го направивте заедно. Вие сте среќа за илјадници луѓе и голема гордост за вашите фамилии. Со вас создадовме едно семејство, не само заради вашиот талент, туку и поради вашите човечки вредности и позитивен дух.

Денес, после 5 години вие сте едно тело. Денес Горан е Барди, денес Барди е сите ние. Денес Боби, Аријан, Стефан, Аце, Влатко, Кире, Столе, Егзон, Висар, Даре, Ѓоко, Тихо, Крсте се едно!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.