Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Леон Горецка размислува да го напушти клубот следното лето, објави „Билд“.

Договорот на германскиот репрезентативец завршува по крајот на оваа сезоа, а според германскиот весник, Баварците имаат проблеми во преговорите околу продолжувањето на соработката со 26-годишниот играч.

Според „Билд“, менаџерите на Горецка бараат тој да добива 20 милиони евра годишно, додека Баерн нуди 10 до 12 милиони.

Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Барселона, ја следат ситуацијата и се подготвени да го ангажираат играчот за врска следното лето кога ќе му истече договорот и тој ќе стане слободен играч.

Горецка игра за Баерн Минхен од летото 2018 година. Во сезоната 2020/21, фудбалерот одигра 32 натпревари за тимот, постигна осум гола и девет асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ го проценува фудбалерот на 70 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.